недела, 26 април 2026

Терор на талибанците: момчиња буткаат во гепек, на жртвите им се губи трагата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

На снимката се гледа како исламистички милитанти туркаат непознати момчиња во гепеци на автомобили во Кабул, главниот град на Авганистан.

Мишел Бачелт, високата комесарка на ОН за човекови права, во понеделникот изјави дека видела веродостојни извештаи во кои пишува дека талибански милитантни одат од куќа до куќа за да ги најдат сите кои ѝ помагале на поранешната влада или на САД.

„Службениците кои работеле за претходните управи и членови на нивните семејства се притворени. Во некои случаи, некои се пуштани, а други се најдени мртви“, додаде таа.

Нејзините тврдења ги потврдија снимките на кои се гледа како мажи, облечени како талибанци, грабнуваат четири момчиња.

Според информациите на Тајуден Сороуш, дописникот на Иран интернешнал, снимката е направена во округот Саланг Ват во Кабул, а грабнатите мажи се од Панџшир, покраината која најдолго пружа отпор и која сè уште не е во рацете на талибанците, иако тие се пофалија дека ја освоиле.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ