петок, 7 ноември 2025

Телеграф: Стаб вели дека соработката со Трамп треба да продолжи, во спротивно Русија би можела повторно да го придобие

Финскиот претседател Александар Стаб, на состанокот на коалицијата на европски земји кои ја поддржуваат Украина, предупреди дека соработката со американскиот претседател Доналд Трамп треба да продолжи, во спротивно Русија би можела повторно да го придобие, пишува британскиот весник Телеграф, повикувајќи се на дипломатски извори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На состанокот на коалицијата на спремните во Лондон во петокот, финскиот претседател изјави дека Русија кружи околу Трамп и неговите советници за да го убеди да ги поддржи плановите на рускиот претседател Владимир Путин за прекин на војната во Украина.

„Продолжете да разговарате со нив, за непријателот да не биде единствениот“, рече извор за Телеграф, сумирајќи ги зборовите на финскиот претседател.

Во она што беше опишано како клучна интервенција на состанокот на Коалицијата на спремните, Александар Стаб им рече на украинските сојузници дека американскиот претседател во моментов е задоволен од улогата на Европа во неговите напори за завршување на војната.

Во саботата, Трамп изјави дека нема да закаже никакви разговори со Путин освен ако не е јасно дека рускиот лидер е сериозен во врска со склучувањето договор за прекин на војната во Украина.

„Ќе морам да знам дека ќе склучиме договор. Нема да си го губам времето“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“ додека се упатуваше кон Азија.

„Секогаш сум имал одличен однос со Владимир Путин, но ова беше многу разочарувачки“, рече американскиот лидер. „Мислев ова ќе беше завршено пред мирот на Блискиот Исток.“

Предупредувањето на Стаб дојде откако Кирил Дмитриев рускиот претставник во Соединетите Американски Држави пристигна во Вашингтон за да се спротивстави на новите американски санкции врз руските нафтени гиганти.

Украина и нејзините европски сојузници инвестираа време и труд обидувајќи се да го задржат Трамп на своја страна, поради стравувањата дека еден ден би можел да застане на страната на Путин во преговорите за ставање крај на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ