петок, 24 април 2026

Талибанците во лов на луѓе: „Одат од врата до врата, одлично се организирани“

Објавено на

часот

Сподели

Норвешкиот центар за глобални анализи обезбедува разузнавачки информации за Обединетите нации.

„Она што го видовме е дека талибанците имаат прилично напреден разузнавачки систем. Имаат список со имиња на лица и во првите часови од влегувањето во поголемите градови, вклучително и Кабул, тргаат во лов од врата до врата на поранешни владинини вработени, пред се оние во разузнавачките служби и специјалните единици на војската“, рече Нелеман.

Тој додаде дека тоа може да доведе до масовни егзекуции.

„И не само до тоа, туку и до масовно разоткривање на методите и разузнавачките мрежи што Западот ги воспостави во Авганистан. Ова во голема мера може да ја поткопа работата на цела низа разузнавачки служби на западните земји“, додаде тој.

Во извештајот на норвешкиот Центар до ОН, се наведува дека талибанците создаваат нова мрежа на доушници кои се подготвени да соработуваат со новиот режим.

Во извештајот, кој Франс Прес го добиле на увид, се вели дека Талибанците имаат „приоритетни листи“ со имиња на луѓе што сакаат да ги уапсат.

Оние кои имале одговорни позиции во авганистанските вооружени сили, полицијата и разузнавачката служба се изложени на најголем ризик, се вели во документот.

Талибанците оделе во „одредени посети од врата до врата“ кај луѓе кои сакаат да ги уапсат и кај членови на нивните семејства, се додава во извештајот.

„Ги таргетираат семејствата на оние кои не сакаат да се предадат и ги прогонуваат и казнуваат семејствата според шеријатот“, изјави Нелеман за АФП.

„Сметаме дека поединци кои работеле за американските сили, за НАТО и нивните сојузници им се заканува тортура и егзекуција“, додаде тој.

Талибанците во неделата започнаа голема медиумска кампања по враќањето на власт, ветувајќи целосно помилување за сите оние кои работеле за авганистанската влада формирана на изборите.

Но, Авганистанците, особено жените и верските малцинства, имаат лоши спомени за суровиот фундаменталистички режим воспоставен од талибанците помеѓу 1996 и 2001 година, кога прељубата била казнувана со камшикување и каменување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ