„Пронајдените пари доаѓаат од високи поранешни владини претставници како Амрулах Салех (поранешниот потпретседател) и некои безбедносни агенции, кои чувале пари или злато во своите простории“, се вели во соопштението на авганистанската централна банка.
Исламскиот емират, како што талибанците го нарекуваат Авганистан, пренесе сѐ во „националната каса“ во име на „транспарентноста“, се наведува во текстот.






