недела, 26 април 2026

Талибанците питачат пари од САД

Објавено на

часот

Сподели

„Се заблагодаруваме и го поздравуваме ангажманот на меѓународната заедница од околу милијарда долари помош и ги повикуваме да продолжат да му пружаат помош на Авганистан“, изјави Амир Кан Мутаки, министерот за надворешни работи во новата авганистанска влада.

„Америка е голема земја, мора да покаже великодушност“, додаде тој на конференција за новинарите.

САД во понеделникот, во рамки на иницијативата на Обединетите нации, ветија околу 64 милиони долари за хуманитарните организации кои работат во Авганистан. Вашингтон за 20 години војна во Авганистан потроши 2.000 милијарди долари.

„Исламскиот Емират“, името кое талибанците му го дадоа на Авганистан, „им помогна на Соединетите Држави олеснувајќи ја нивната евакуација. Наместо благодарност, тие зборуваат за санкции против нашиот народ“, коментираше Мутаки зборувајќи за над 123.000 луѓе кои беа евакуирани преку воздушниот мост од Авганистан на крајот на август.

Авганистан е на раб на пропаст и глад поради војната, временските неприлики, бегството на населението откако талибанците се вратија на власт, а меѓународните сили се повлекоа.

Обединетите нации во вчера објавија дека државите донатори се обврзале да исплатат 1,2 милијарди долари помош на Авганистан, но не наведоа кој износ ќе биде наменет за итната помош.

„Исламскиот емират ќе даде сè од себе за целосно транспарентно да ја пружи оваа помош на оние на кои им е најпотребна“, вети новиот шеф на авганистанската дипломатија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ