сабота, 9 мај 2026

СЗО: Шест потврдени случаи на хантавирус, уште два се веројатни

До вчера, шест случаи на хантавирус беа потврдени од осум сомнителни случаи пријавени по појавата на заразата на крузерот МВ Хондиус во Атлантскиот Океан, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Вкупно осум случаи, вклучувајќи три смртни случаи (стапка на смртност од 38 проценти), се пријавени до 8 мај. Шест случаи се лабораториски потврдени како инфекција со хантавирус, од кои сите се идентификувани како последица од вирусот Анда, за кој е познато дека се пренесува меѓу луѓето“, се вели во соопштението на СЗО. Се додава дека преостанатите два случаи се сметаат за „веројатни“.

СЗО забележа дека четири пациенти во моментов се хоспитализирани. Еден е на интензивна нега во Јоханесбург, Јужна Африка, двајца се во различни болници во Холандија и еден е во Цирих, Швајцарија.

СЗО појасни дека лицето кое се лекува во болница во Дизелдорф, Германија, имало негативен тест и „затоа повеќе не се смета за случај“.

Крузерот МВ Хондиус, кој патуваше од Аргентина до Зелено’ртските Острови, е во центарот на меѓународното внимание откако СЗО објави дека тројца патници починале и дека постои сомневање дека се заразени со хантавирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ