среда, 6 мај 2026

СЗО подготвува план за идни пандемии, САД негодуваат

Објавено на

часот

Сподели

Министрите за здравство од 194 членки на СЗО се состануваат во понеделник на тридневна специјална седница за да постигнат договор за зајакнување на капацитетите на таа агенција на ОН да се справи со идни пандемии, откако СЗО беше силно критикувана за управувањето со кризата на ковид-19.

САД ја повлекоа својата „црвена линија“ и засега не сакаат да прифатат правно обврзувачки договор, но ја поддржуваат идејата за договор, кој ја има поддршката и од Бразил и Индија, додаваат дипломатите.

Европската унија силно се залага за договор кој подразбира цврсти обврски, кој има поддршка од 70 земји, рече европски дипломат.

Кина учествува во преговорите и засега не се противи на договорот.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус го одобри пактот и верува дека земјите можат да се согласат дека има потреба од обврзувачки документ.

Во светот, од појавата на новиот коронавирус Сарс-КоВ-2 кон крајот на 2019 година во Вухан, Кина починаа повеќе од 5,5 милиони луѓе. СЗО потсетува дека Кина сè уште не споделила некои од раните податоци поврзани со избувнувањето на пандемијата, што би можеле да го разјаснат потеклото на вирусот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ