среда, 6 мај 2026

СЗО го класифицира Б.1.1.529 како загрижувачки сој и го нарече омикрон

Објавено на

часот

Сподели

Светската здравствена агенција се состана денеска за да го именува сојот Б.1.1.529 и одлучи да го класифицира како „загрижувачка варијанта“, наместо како помалку сериозната ознака „варијанта од интерес“.

Делта-сојот, кој предизвика зголемени инфекции со ковид-19 низ целиот свет, откако првпат беше откриен кон крајот на декември 2020 година, исто така беше категоризиран како варијанта на загриженост од страна на СЗО претходно оваа година.

Агенцијата ја усвои практиката на именување на соевите според буквите во грчката азбука, барем делумно за да избегне на областите каде што тие првпат биле идентификувани да биде прикачена географска стигма. Многу набљудувачи очекуваа дека B.1.1.529 ќе биде именуван „Ну“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ