36-годишниот Канаѓанец бил уапсен во 2014 година за обид да прошверцува 227 килограми метафетамин од Кина во Австралија, во ноември 2018 година бил осуден на 15 години затвор, но, по жалбата, во јануари 2019 судот оценил дека казната е „преблага“ и ја преиначил во смртна казна.
Канадскиот амбасадор во Кина Доминик Бартон денеска ја осуди одлуката на кинескиот суд со која е потврдена смртната казна за Шеленберг и повика на помилување, пренесува Ројтерс.
Амбасадорот им соопшти на новинарите дека Канада останува длабоко загрижена за кинеската произволна употреба на смртната казна.
Бартон рече дека не е случајност што Кина одлучи по жалбата на Шеленберг во момент кога во Канада е во тек судски процес против извршната директорка на Хуавеј, Менг Вангжоу.
Апсењето на Вангжоу, ќерка на основачот на оваа кинеска компанија, поради наводно кршење на американските санкции во декември 2018 година, ја налути Кина, па уште од тогаш биле нарушени односите и со САД и со Канада.






