Чанак за српската телевизија Хепи изјави дека тој „тоа лично го мисли“, а дека секој може во истото да се увери „ако замине во Ѓаковица“.
„Ако отидете во Ѓаковица ќе видите дека имаат своја полиција, свое судство, полициски систем кој функционира“, кажа Чанак.
Тој на новинарското прашање кажа дека поради таквиот став „не се смета себеси за предавник“. „Да имало референдум во времето на Галилеја – дали земјата е рамна плоча, би било 99 отсто дека е, но тоа сепак не значи дека земјата е плоча, туку дека тоа луѓето го мислат“, кажа Чанак коментирајќи го ставот кој за Косово преовладува меѓу граѓаните на Србија.
Тој кажа дека по разговорот со косовскиот премиер Аљбин Курти дошол до заклучок дека неговите ставови „во некои сфери тоа што го зборува е вистина, а во некои сфери тоа се политички конструкции“.
„Не е баш црно-бело. Но да се затворат очите, патриотски да не го гледаш она што е реалност, тоа не е добра политика“, кажа Чанак.






