недела, 26 април 2026

Српски аналитичар: Курти призна дека Косово не е држава

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот аналитичар Драгомир Анѓелковиќ за Б92 наведува дека Курти на овој начин признал дека „Косово не е држава туку протекторат“.

„Ги имавме Унмик, Еулекс, го имавме Хашкиот трибунал, значи најтранспарентната и најотворена земја сме, не само за архивите, бидејќи Косово ги нема. Таа што треба да ги отвори е Србија“, кажа Курти.

Од друга страна Анѓелковиќ истакна дека тоа што Косово е меѓународен протекторат не значи дека „не цвета криминалот“.

„И Сицилија од 1943 до 50-тите години на минатиот век беше под американска управа па мафијата најмногу процвета во тој период. Курти со оваа изјава практично призна дека Косово е протекторат а не држава, и тоа не поради тоа што Србија вели дека Косово е наше, туку токму поради оние кои од Косово сакаа да направат своја колонија“, кажа српскиот аналитичар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ