петок, 24 април 2026

Снимка што го покажува сиот очај и страв во Кабул (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Имено, на видеото се гледа како луѓе од насобраната толпа креваат мало девојче по високиот преграден ѕид и го предаваат во рацете на американски војник.

Илјадници луѓе се обидуваат да стигнат до аеродромот во Кабул со цел да се качат на воените или цивилните авиони и да отпатуваат во странство, пренесува Ројтерс. Некои загинаа или беа ранети кога талибанците пукаа во воздух за да ја држат ситуацијата под контрола.

[video:https://www.youtube.com/watch?v=Zfr2tbfgHeQ&feature=emb_title autoplay:0]

На аеродромот има и американски војници, кои учествуваат во евакуацијата на странците од Авганистан.

Во меѓувреме, американската војска го завршува повлекувањето од Авганистан по 20 години војна во таа земја.

Врз основа на видеото не е јасно дали девојчето го префрлиле преку ѕидот за да биде со членовите на своето семејство или тоа е направено за да се качи на лет за странство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ