Таа е повлечена, а компанијата се извини поради „недоразбирањето кое рекламата можеби го предизвикала“, откако рекламата од 20 секунди беше осудена во јавноста за хомофобија.
Рекламата го прикажува шпанскиот инфлуенсер Алес Гибаха кој порачува „секси сок од портокал“, додека неговиот пријател разменува збунети погледи со келнерот. Келнерот на тоа одговара пружајќи му на Гибаха сладолед-чоколада на Сникерс, а по само еден залак Гибаха се „трансформира“ во брадест маж со длабок глас.
„Подобро?“, прашува пријателот. „Подобро“, одговара мажот, додека нараторот порачува: „Не си ти кога си гладен“.
El REPUGNANTE anuncio PLUMÓFOBO de Snickers. pic.twitter.com/bxtgMHh44e
— Gato (@gamomena) August 4, 2021






