Проширувањето на овој договор не само што сведочи за силната виталност на сеопфатното стратегиско партнерство меѓу Кина и Русија во новата ера, туку и вбризгува позитивна енергија во одржувањето на светската безбедност и стабилност, пренесе денес Кинеската медиумска група (КМГ).
Фактите докажаа дека кинеско-руската соработка во изминатите 20 години се придржувала на неврзаноста, неусогласеноста и не била насочена против трети страни, почитувајќи ги секогаш меѓусебните основни интереси и водејќи сметка за разумните загрижености.
Ова не само што ефикасно ги заштитило заедничките интереси на двете земји, туку и значително придонело на заштитата на светскиот мир и безбедноста.
Проширувањето ќе постави поцврсти темели за долгорочниот развој на односите на двете држави и пријателството на народите од генерација во генерација.
Состанокот на двајцата лидери и заедничката изјава на двете страни јасно изразија противење на хегемонизмот и унилатерализмот и изразија цврста поддршка на меѓусебните клучни интереси.
Она што Кина и Русија заедно го бранат се праведен и рационален меѓународен поредок и заедничките интереси на повеќето земји во светот, наведува КМГ.
Во заедничката изјава потпишана на 28 јуни, Кина и Русија договорија да спроведат бројни задачи на соработката, вклучувајќи ја билатералната трговија, енергетиката, научните и технолошките иновации.
Ова не е само во интерес на двете страни, туку и е погодно за светската меѓусебна поврзаност.
Праксата докажа дека на Русија ѝ е потребна просперитетна и стабилна Кина, а на Кина силна и успешна Русија, се наведува.
На светот му се потребни позитивната енергија и стабилноста на двете главни сили, Кина и Русија, наведува КМГ.






