сабота, 2 мај 2026

Си Џинпинг повика на глобална соработка во изградбата на идната светска заедница

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето на самитот на лидерите на 15-та средба на Конференцијата на договарачите (КОП15) Конференцијата за биодиверзитетот преку видео-линк во Пекинг, Си особено укажа на итната потреба на земјите во развој.

Како што пренесе Кинеската медиумска група, тој повика и на поголема помош во поддршката на тие земји да ја исполнуваат двојната задача на економско заздравување и заштита на животната средина.

Човечките активности мора да се задржат во границите на екологијата и животната средина, истакна Си во обраќањето.

Кинескиот претседател повика развојот на еколошката ситуација да се земе како водич за координација на односот на човекот и природата.

„Мораме да ги решиме проблемите кои ги носи индустриската цивилизација, да ги задржиме човечките активности во рамки на екологијата и животната средина и да спроведеме холистичко зачувување и систематско управување со планините, реките, шумите, земјоделските земјишта, езерата, ливадите и пустините“, кажа тој.

Си кажа и дека меѓународното право треба да се земе како основа за одржување на фер и правичен систем на меѓународно управување.

Големиот состанок на ОН почна вчера попладне во Кунминг, главниот град на југозападната кинеска провинција Јунан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ