сабота, 18 април 2026

Шпанската влада и каталонските сепаратисти преговорите за независност ги продолжуваат наесен

Објавено на

часот

Сподели

„Продолжувањето на дијалогот за политичкиот конфликт на двете влади е закажано за третата недела во септември во Барселона“, кажа Пере Арагонес на прес-конференција во Мадрид, каде за првпат го прими социјалистичкиот премиер Педро Санчез.

Веста доаѓа неколку дена по помилувањето и излегувањето од затвор на деветте поддржувачи на каталонската независност кои беа осудени за учество во обидот за отцепување во октомври 2017, што беше знак на добра волја на Мадрид за продолжување на преговорите со Каталонија.

Новиот каталонски претседател, сепаратистот Пере Арагонес, така официјално го потврди продолжувањето на преговорите и кажа дека на нив ќе се разговара за теми како „инфраструктурата и европските фондови и инвестиции во централната држава во Каталонија“.

Обидот за отцепување на богатата покраина на североистокот на Шпанија, со 7,8 милиони жители, е една од најтешките политички кризи во Шпанија од крајот на диктатурата на Франко во 1975.

И покрај судската забрана, покраинската влада на Карлес Пуџдемон организираше референдум за самоопределување, кој го одбележа брутално полициско насилство.

Неколку недели подоцна каталонскиот парламент еднострано прогласи независност на покраината.

Шпанската влада, тогаш во рацете на конзервативците, реагираше така што ја смени каталонската влада и воведе директна контрола врз покраината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ