Нацрт-законот, кој влегува во јавна расправа пред второто читање и конечно на гласање во долниот дом на парламентот, предвидува отстранување на досегашната двегодишна хормонска терапија и психолошка проценка на лицата кои бараат промена на полот во официјалната евиденција.
Нацрт-законот за „самоидентификација“ предвидува старосни граници.
На адолесцентите на возраст меѓу 14 и 16 години ќе им треба одобрение од родителите за промена на полот, откако парламентот во мај го отфрли предлогот на повеќе политички партии за законска промена без никакви ограничувања.
На тој начин, Шпанија се најде во центарот на европската расправа за правата на лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците и транссексуалните лица, откако минатата недела повеќе од половина европски лидери го критикуваа унгарскиот премиер Виктор Орбан за законот за забрана за „прикажување и промовирање на родов идентитет различен од полот на раѓање, промена на пол и хомосексуалност“ на помлади од 18 години.
Доколку законот биде изгласан, Шпанија ќе се приклучи на дваесетина други земји, каде што е можна промена на полот без медицинска основа и ќе стане најголемата европска економија која воведува родова „самоидентификација“.






