Како што е соопштено, шпанската влада зазема „конструктивен пристап“ околу тоа прашање, поддржувајќи решение меѓу Косово и Србија.
Ова е соопштено во собранискиот одговор до пратеничката Мариона Иламоли, кој постави прашање за тежнеењата на Косово да се придружи на Европската Унија.
Владата на Шпанија во одговорот го потврди својот став „за непризнавање на едностраната декларација за независност која Приштина ја усвои во 2008 година, бидејќи станува збор за едностран акт“.
Владата, меѓутоа, наведе дека „од конструктивен аспект смета дека е време да се направи конечен напор за прашањето на територијата на Косово да се реши во рамки на дијалогот на Белград и Приштина, со договор кој го почитува меѓународното право“.
Кога станува збор за тежнеењето на Косово да се придружи на ЕУ, шпанската влада соопшти дека активно се залага за политика на проширување на ЕУ и целосно верува во потребата да се воспостави нов поттик за пристапување на Западниот Балкан.
Иламола постави прашање до извршната власт и за самитот одржан во Словенија меѓу ЕУ и Западниот Балкан во октомври, на кој присуствуваше и премиерот на Шпанија Педро Санчез.
Каталонската пратеничка праша дали владата смета дека имиџот на Шпанија се нарушува со наметнувањето на ветото на знамето и симболите на Косово.
Таа се осврна на фактот дека, за да се олесни учеството на Санчез и лидерите на другите земји од ЕУ кои не го признаваат Косово, беше одлучено на овој настан да не се користат симболите.
„Ставот за непризнавање не значи прекин на учеството“, порача владата на Шпанија, додека за учеството беше кажано дека морало да бидат исполнети услови договорени во ЕУ.






