„Руско-американската мировна иницијатива, за жал, застанува. Главната пречка за нејзино спроведување останува целосното отсуство на политичка волја за мир кај режимот во Киев и неговата постојана желба за ескалација“, изјави Шојгу на неформалниот состанок на секретарите на Советот за безбедност на ЗНД во рамките на Првиот меѓународен форум за безбедност, пренесува новинската агенција ТАСС.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков во средата изјави дека настаните се развиваат динамично.
„Ќе видиме што ќе се случи со паузата што во преговорите со Украина. Ќе видиме кога ќе заврши таа пауза и како ќе продолжат преговорите“, рече Песков.






