понеделник, 20 јули 2026

Браќата Тејт уапсени во САД: Британските власти објавија 38 нови обвиненија против нив

Контроверзниот инфлуенсер Ендру Тејт и неговиот брат Тристан се уапсени во Соединетите Американски Држави (САД), откако британските власти објавија 38 нови обвиненија против нив за кривични дела силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и поседување непристојни слики од деца, објави денес Би-би-си.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Британските обвинители го обвинија Ендру Тејт за седум точки за силување, трговија со луѓе за сексуална експлоатација и поседување непристојни слики од деца, додека неговиот брат Тристан е обвинет за силување, заговор и олеснување на трговијата со луѓе за сексуална експлоатација.

Со новите обвиненија, браќата Тејт сега се соочуваат со вкупно 59 обвиненија – Ендру со 42 и Тристан со 17, соопшти полицијата, додавајќи дека најновите случаи се однесуваат на периодот од јули 2010 до август 2017 година.

Браќата Тејт ги негираат сите обвиненија.

Американската полиција потврди за Би-би-си дека браќата Тејт се во притвор, додека Министерството за правда објави дека по апсењето ќе следат процедури за екстрадиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ