„Вчера во 17:15 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија ги лишија од слобода Х.М.(21) и 17-годишен малолетник од Скопје. Тие истиот ден од каса на маркет во Стар Дојран одзеле пари, кои се пронајдени кај нив и одземени. Известени се јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и Центарот за социјални работи Гевгелија“, се наведува во соопштението од Министерството.
Од МВР најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.





