понеделник, 20 јули 2026

Траект со 116 луѓе се преврте кај Гвајана, во тек е голема спасувачка акција

Траект со 116 патници и членови на екипажот се преврте крај брегот на Гвајана, а во тек е голема акција за пребарување и спасување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Станува збор за траектот МВ Барима, кој пловел од главниот град Џорџтаун кон Порт Кајтума, на северозападот од земјата. Бродот се превртел во саботата навечер по локално време, во близина на Ајрон поинт, кај реката Померун.

Властите претходно соопштија дека биле спасени 53 лица, но според Асошиејтед прес, досега се спасени 67 луѓе, меѓу кои и 15 деца. Потрагата продолжува.

Итните служби примиле повик за помош во 23:01 часот по локално време, односно во 3:01 часот по Гринич (GMT) во неделата. Потоа била започната спасувачка акција во која учествуваат државни и приватни бродови.

Со владиниот одговор раководи премиерот Марк Филипс, додека министерот за јавни работи Хуан Едгил соопшти дека во потрагата се вклучени надлежните служби и приватни пловила.

Според информациите што ги објавија властите, траектот бил опремен со 250 спасувачки елеци, два цврсти сплава и шест сплавови на надувување.

Засега нема официјална потврда за загинати. Причината за превртувањето на траектот сè уште не е позната.

Според платформата Весел фајндер, МВ Барима е долг околу 40 метри и е изграден во 1939 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ