Едно од најбараните лица во Италија, 46-годишниот Рафаеле Империјале, е главниот трговец со дрога кој е осомничен и дека купил две украдени слики на Винсент ван Гог, пренесува Асошиејтед прес.
Уапсен е на 4 август и се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати, додека италијанското министерство за правда работи на постапката за екстрадиција.
Arrestato a Dubai Raffaele Imperiale, il boss che aveva nel covo due Van Gogh rubati https://t.co/gZFk9eqKPh pic.twitter.com/isnJEQIwhZ
— Corriere della Sera (@Corriere) August 19, 2021
Во јануари 2016 Италија распиша потерница, поради сомнеж дека Империјале е вклучен во меѓународната трговија со дрога и перење пари.
Тој важеше за еден од најопасните и најбараните бегалци во Италија.
Полицијата соопшти дека незаконски стекнатото богатство му овозможило на црниот пазар да купи две слики од Винсент ван Гог кои се од непроценлива вредност.
Италијанската полиција ги нашла сликите на неговиот имот во памучни чаршафи, во кутија скриена зад ѕид во купатилото.
Империјале изјавил дека нема никаква врска со кражбата, туку дека сликите ги купил како љубител на уметноста.






