сабота, 25 април 2026

Шефот на Газпром: Утринава заврши изградбата на гасоводот Северен тек 2

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Извршниот одбор на Газпром Алексеј Милер ја објавил веста на утринскиот состанок, пренесува руската новинска агенција ТАСС.

Се очекува руската енергетска компанија преку новиот гасовод да почне да ѝ испорачува гас на Германија во октомври.

Изградбата требаше да заврши во 2019, но беше одложена поради противењето на САД, кои гасоводот го сметаа за руски геополитички проект. Вашингтон воведе санкции против некои компании вклучени во проектот.

Американската влада ја критикуваше изградбата на проектот, тврдејќи дека Европа поради него ќе стане претерано зависна од Русија во снабдувањето со енергија, што доведе до тензии, особено со Германија.

Во јули Вашингтон и Берлин го објавија договорот во кој ветија дека ќе преземат мерки во случај Русија да се обиде да ја користи енергијата како геополитичко оружје, односно ако преземе дополнителни агресивни потези кон Украина.

Северен тек 2 во Германија ќе испорачува 55 милијарди кубни метри руски гас годишно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ