недела, 26 април 2026

Шефот на дипломатијата на ЕУ: Русија сака да ја подели Европската унија

Објавено на

часот

Сподели

„Нашето единство треба да биде најголемиот адут во односите со Русија. Сакаат да нè поделат, не им е грижа за Европската унија“, рече Борел во дебата со европратениците за односите меѓу ЕУ и Русија.

„Русија сака да разговара со земјите-членки поединечно, и тоа само со одредени, со оние што се важни“, појасни високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика.

Русија „секогаш се обидува да ја подели Европската унија“, а Унијата како одговор на тоа „мора да остане обединета“, рече Борел. „Верувајте ми, тоа не е секогаш лесно“, истакна тој.

Шефот на европската дипломатија смета дека состојбата на европско-руските односи е „потешка од кога било“ и дека „де факто нема вистинска комуникација“.

Меѓутоа, Русија е сосед на ЕУ и „важен глобален играч“, затоа е потребна нова стратегија за односите со Русија да станат помалку конфликтни, попредвидливи и постабилни.

Таа стратегија не смее да значи откажување од поддршката на руското граѓанско општество бидејќи поддршката на демократијата е „еден од главните приоритети на ЕУ“, нагласи Борел.

„Не можеме да бидеме остров опкружен со автократски системи. Така не би преживеале“, заклучи тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ