Отстранети се барикадите кои вчера беа поставени во северниот дел на Митровица и кај местата Рударе и Звечан, и сообраќајот е нормализиран.
Има траги од вчерашните судири на улиците на Косовска Митровица, патрони од солзавец и шок-бомби, чаури од испукани куршуми, а полицијата синоќа отстранила и неколку запалени автомобили.
Неколку Срби беа повредени во судирите, меѓу нив најтешко 36-годишниот Среќко Софрониевиќ, кој по операцијата е со стабилна состојба.
Судирот изби откако цариници придружувани од полицијата влегоа во неколку трговски објекти, потоа Србите излегоа на улиците, по што пристигнаа и специјалните единици Росу.
Косовската полиција пријави дека осум нејзини припадници се повредени, и дека се оштетени неколку возила.
Полицијата соопшти дека се уапсени осум лица и дека е распишана потерница по десетина луѓе, меѓу кои двајца Срби.






