среда, 15 април 2026

Се укинува вонредната состојба во Токио, еден месец пред Олимписките игри

Објавено на

часот

Сподели

Главниот град на Јапонија и неколку други окрузи од крајот на април се под вонредни мерки, што значеа, меѓу другото, затворање на ресторани и барови рано навечер и забрана за продажба на алкохол.

Одлуката за укинување на вонредната состојба стапува на сила од недела, како што е предвидено за Токио и осум други окрузи, изјави премиерот Јошихиде Суга. Но, ќе остане продолжено до 11 јули за Окинава.

„Бројот на инфекции на национално ниво е во пад од средината на мај и бројот на слободни кревети во болниците се подобрува“, објасни премиерот, велејќи дека поради одредени делови каде инфекцијата не е целосно стивната, некои ограничувања остануваат во сила.

Токио би можел да ги задржи и ограничувања во врска со бројот на гледачи на спортски натпревари и концерти. Засега се дозволени максимум 5.000 гледачи, а владата вчера дозволи горна граница од 10.000 гледачи за окрузите кои веќе немаат вонредна состојба или се во т.н. квази-вонредна состојба.

Овие мерки можат да влијаат на организаторите на Олимписките игри во Токио, кои најверојатно на почетокот на следната недела ќе донесат одлука за присуство на локалното население на натпреварите. На гледачите од странство веќе им е забрането да присуствуваат на натпреварите, првпат во историјата на Олимписките игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ