Одобрение за итна употреба на трета доза на Модерна и Фајзер/Бајонтек е издадено од Американската администрација за храна и лекови (ФДА).
„Земјата е погодена од нов бран на пандемија на ковид-19 и ФДА е свесна дека имунокомпромитираните луѓе се особено подложни на тежок облик на болеста“, рече комесарката на администрацијата Џенет Вудкок во соопштение.
„Другите лица кои се целосно вакцинирани се соодветно заштитени и немаат потреба од дополнителна доза вакцина против ковид-19 во овој момент“, додаде таа.
Во Соединетите Држави, повеќе од 619.000 луѓе починале од ковид-19. Делта варијантата на вирусот САРС-КоВ-2 во моментов се шири низ целата земја.






