вторник, 5 мај 2026

Руската амбасада: Дипломатот во Берлин загина во трагична несреќа

Објавено на

часот

Сподели

Руската амбасада објави соопштение во кое реагираше на пишувањето на германскиот весник Шпигл, кој без да наведува извори објави дека 35-годишен маж очигледно паднал од кат на зградата на амбасадата во центарот на Берлин.

Се вели дека полицијата го пронашла неговото тело пред амбасадата и не успеала да го реанимира.

Германското Министерство за надворешни работи претходно денеска соопшти дека е запознаено со случајот, но дека не сака да коментира од причини за заштита на приватноста.

Берлинската полиција и јавното обвинителство исто така одбија да коментираат.

Руската амбасада соопшти дека „сите формалности за пренесувањето на телото на руски дипломат биле навремено регулирани со германските власти во согласност со вообичаената практика“.

Шпигл објави дека повредениот бил втор секретар во руската амбасада од 2019 година, но дека германските безбедносни власти наводно мислеле дека тој работел за руската разузнавачка агенција ФСБ.

Во соопштението од амбасадата се наведува дека шпекулациите што се појавија во голем број западни медиуми во врска со трагичниот настан се апсолутно неточни.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ