четврток, 23 април 2026

Русија: Претседателот на Авганистан избега со хеликоптер полн со пари

Објавено на

часот

Сподели

Гани, чија сегашна локација не е позната, рече дека го напуштил Авганистан во неделата, откако талибанците влегле во Кабул без речиси никаков отпор. Тој рече дека сакал да избегне крвопролевање.

Русија соопшти дека ќе задржи дипломатско присуство во Кабул и се надева дека ќе воспостави односи со талибанците, иако смета дека не треба да се брза со нивно признавање како лидери на земјата.

„Кога станува збор за падот на режимот, најелоквентно е илустрирано со начинот на кој Гани избега од Авганистан“, изјави Никита Ишченко, портпарол на руската амбасада во Кабул.

„Четири автомобили беа полни со пари, тие се обидоа да натоварат дел од парите во хеликоптерот, но не собираше сè. И дел од парите останаа на пистата“, рече тој, повикувајќи се на очевидци, пренесе Ројтерс.

Специјалниот руски претставник за Авганистан Замир Кубов претходно изјави дека не е познато колку владата во заминување ќе остави зад себе.

„Се надевам дека владата која побегна не ги зеде сите пари од државниот буџет. Ако нешто остане, тоа ќе биде темел на буџетот“, изјави Кубов за московското радио.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ