среда, 6 мај 2026

Русија предупреди за „кошмарно сценарио“ на можен воен судир во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Говорејќи во Стокхолм, каде што во моментов се одржува состанок на Министерскиот совет на ОБСЕ, Лавров истакна дека Москва сака да ја подобри „стратегиската стабилност“ на континентот, која, како што рече, „брзо еродира“.

„НАТО одбива да ги разгледа нашите предлози за деескалација на тензиите и спречување опасни инциденти“, рече Лавров, обвинувајќи го блокот предводен од САД дека отфрла конструктивна дискусија. „Напротив, воената инфраструктура на алијансата се приближува до границите на Русија… Кошмарното сценарио на воена конфронтација се враќа“.

Коментарите на Лавров доаѓаат во време на зголемени стравувања поради трупањето војска на руската граница со Украина. Од почетокот на ноември, некои западни медиуми тврдат дека Москва планира „инвазија“ на својот сосед, тврдење што Кремљ го демантираше.

Минатиот месец, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, побара од Русија да биде транспарентна во однос на своите воени активности и го нарече трупањето војска „големо“ и „невообичаено“.

„Мора да бидеме без илузии, треба да бидеме реални за предизвиците со кои се соочуваме“, рече тој. „Знаеме дека Русија и досега беше спремна да ги користи овие типови воени капацитети за да спроведе агресивни дејства против Украина“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ