сабота, 2 мај 2026

Русија остро го осуди вчерашното насилство на северот на Косово

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова кажа дека „Москва решително ги осудува испадите на косовските власти“ пред локалните избори на 17 октомври.

„Решително ги осудуваме испадите на косовските власти кои се чувствуваат неказниви и ја користат секоја прилика пред локалните избори за меѓу локалното население да постигнат експлозија на србофобија и да обезбедат победа на националистичките сили, неспособни за преговори“, наведе Захарова.

 Таа предупреди дека „таквата политика на Приштина и нејасната реакција на нејзините надворешни шефови неизбежно провоцира лизгање кон отворен конфликт и ги уништува условите за дијалогот“.

„Бараме КФОР да ги исполнува своите обврски во согласност со Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН за смирување на распојасаните албански радикали“, наведе Захарова.

Таа додаде дека НАТО целосно ја сноси одговорноста за обезбедување на мирот и безбедноста. Таа наведе дека специјалните сили на косовската полиција вчера „повторно упаднаа“ на северот на Косово и со тоа го прекршија договорот од пред неколку недели, постигнат со посредство на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ