сабота, 2 мај 2026

Русија им нуди на САД укинување на санкциите поврзани со дипломатските мисии

Објавено на

часот

Сподели

Овој предлог на американската државна потсекретарка Викторија Нуланд ѝ го изнесе заменик шефот на руската дипломатија Сергеј Рјабков.

Нуланд, која вчера допатува во тридневна посета на Москва, ги опиша разговорите со руските функционери како „конструктивни“, не изнесувајќи детали.

Рјабков кажа дека тој и Нуланд не оствариле напредок околу прашањето на нормализација на работата на дипломатските мисии, која е ограничена по повеќето рунди санкции.

Министерството за надворешни работи на Русија денес уште еднаш изрази спремност да одговори на секој непријателски потег на САД, наведувајќи дека Москва не сака понатамошна ескалација.

„Секоја непријателска акција против Русија нема да остане без одговор, но Москва не сака понатамошна ескалација. Ние нудиме укинување на сите ограничувања кои двете страни ги воведоа во претходните неколку години“, наведе министерството.

Русија се согласи да ја тргне Нуланд од листата на лица под санкции за да може да замине во Москва, а САД одговорија со давање виза на рускиот дипломат Константин Воронцов, за да може да присуствува на овонеделната средба во Обединетите нации, наведе Рјабков.

Тој кажа дека со Нуланд разговарал за преговорите за контрола на вооружувањето, ситуацијата во Авганистан и други теми.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ