сабота, 25 април 2026

Русија и Белорусија започнаа големи воени вежби, некои членки на НАТО се загрижени

Објавено на

часот

Сподели

Високи воени претставници на двете земји присуствуваа на свеченото отворање на вежбите наречени „Запад-2021“ во западна Русија.

Активниот дел од вежбите, кои се одржуваат во време на високи тензии меѓу Западот и Белорусија, поради насилното гушење на белоруската опозиција, започнува во петок и ќе трае до 16 септември.

Министерството за одбрана на Русија објави дека ќе учествуваат до 200.000 војници, околу 80 авиони и хеликоптери, до 15 бродови и скоро 300 тенкови.

Вежбите ќе вклучуваат вистинска муниција и се кулминација на поголеми квартални вежби.

Ќе учествуваат и војници од Ерменија, Индија, Казахстан, Киргистан и Монголија, според руското министерството за одбрана.

Официјални претставници на НАТО предупредија дека вежбите, кои следат по големата акумулација на руски воени сили на украинските граници претходно оваа година, ќе го зголемат ризикот од несреќи и лоши проценки што може да предизвика криза.

Рускиот заменик-министер за одбрана Николај Панков рече дека вежбите се чисто од одбранбена природа и ќе им овозможат на Москва и Минск да ја подобрат воената соработка.

Вежбите се отворени на денот кога рускиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко се сретнаа во Кремљ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ