ДВ објави дека талибанците вчера извршиле претрес во домот на новинарот и го барале него во западниот дел на Авганистан. Се додава дека некои членови на семејството успеале да избегаат.
Медиумската куќа додаде дека новинарот, чие име не е соопштено, веќе бил префрлен во Германија и од таму работи.
ДВ не наведе детали за убиениот и повредениот член на неговото семејство, ниту пак наведе каде и кога тоа се случило.
Директорот на ДВ Питер Лимбург остро го осуди убиството, додавајќи дека тоа е доказ за непосредната опасност на вработените и нивните семејства во Авганистан.
„Талибанците очигледно спроведуваат организирана потрага по новинари во Кабул и провинциите“, рече Лимбург, додавајќи дека талибанците во изминатите денови ги претресле домовите на уште тројца други новинари на ДВ.






