Како што наведе рускиот дипломат во интервју за весникот Известија, работата на гасоводот е во завршна фаза.
„Тргнуваме од тоа што германско-американскиот договор не влијае врз темпото на изградба и роковите за завршување на Северен тек 2“, кажа Нечаев.
Тој додаде дека договорот на Вашингтон и Берлин не ѝ наметнува никакви обврски на Русија.
Северен тек 2, гасоводот меѓу Русија и Германија под Балтичкото Море, е изграден 99 отсто, а треба да има вкупна сила од 55 милијарди кубни метри гас годишно.
Претходно Берлин и Вашингтон издадоа заедничко соопштение за Северен тек 2 во кое се наведува дека за изградбата на гасоводот е потребно да се обезбеди продолжување на снабдувањето со гориво од Русија преку Украина и по 2024 година.
Германија се обврза и дека ќе бара од Брисел санкции против Москва доколку Русија го користи извозот на енергенси како инструмент за влијание.






