понеделник, 4 мај 2026

Путин: Температурата во Русија расте два и пол пати побрзо од светскиот просек

Објавено на

часот

Сподели

Тој на самитот Г20, на кој учествуваше преку радиоврска, рече дека температурата на воздухот во Русија  во минатите десет години пораснала за повеќе од половина степен, пренесе Тасс. 

Путин кажа дека прашањето на климатските промени е од големо значење, истакнувајќи дека Русија ги чувствува последиците од глобалното затоплување. 

„Се соочуваме и со дезертизација и со ерозија на почвата. Особено сме загрижени поради топењето на вечниот мраз, кој сочинува голем дел од нашата територија“, рече рускиот лидер.

Тој потсети дека Русија активно учествува во меѓународните напори за зачувување на климата.

Конкретно, ги почитува сите свои обврски од рамковната конвенција на ОН за климатските промени и од Париската спогодба и доследно ја спроведува политиката на намалување на емисиите на штетни гасови што го создаваат ефектот на стаклена бавча, презема чекори за подигнување на енергетската ефикасност на своето стопанство и ја намалува емисијата на придружни гасови при вадењето на нафтата, рече Путин.  

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ