сабота, 25 април 2026

Путин: Москва е за мир и стабилност во Авганистан и сопирање на миграциите

Објавено на

часот

Сподели

Тој на видеоконференција разговараше со претставниците на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, кои со Русија членуваат во БРИКС.

На соговорниците им кажа дека „Русија, како и нејзините партнери од групата БРИКС), доследно го поддржува воспоставувањето на долгоочекуваниот мир и стабилност во Авганистан“.

Рускиот претседател додаде дека Русија е „заинтересирана да сопре токот на миграциите“ и дека сака Авганистанците да „живеат со мирен и достоинствен живот во својата татковина“.

Москва, која водеше десетгодишна војна во Авганистан која заврши со повлекување на советските трупи во 1989 година, се врати дипломатски како посредник во последните неколку години.

Иако ги смета талибанците за забранета терористичка организација, Русија со години одржува врски со нив.

За разлика од многу други земји, Русија не вети дека ќе прими авганистански бегалци по преземањето на власта од страна на талибанците.

Путин претходно кажа дека Москва не сака во Русија да дојдат „терористи под маска на бегалци“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ