На прашањето дали амбасадорите на двете нации ќе бидат вратени на своите функции по неколкуте месеци прекинати дипломатски контакти, Путин откри дека е постигнат договор. Претставниците, рече тој, веќе оваа недела може да се вратат на работните места.
Путин додаде дека разговорот бил „конструктивен“ и дека не бил во сенка на големите прашања од домашната политика. „Мислам дека немаше никаков вид непријателство“, додаде тој, велејќи дека имало важни дискусии за соработка во регионот на Арктикот.
Претседателот исто така го опиша Бајден како „државник“ и рече дека тој е „многу поинаков“ од неговиот претходник Доналд Трамп. Сајбер-нападите се очекуваше да бидат покренати како најголем проблем, откако Бајден го впери прстот кон Кремљ дека стои зад хакирањата на дигиталните податоци.
Сепак, Путин, кој постојано ги отфрлаше обвинувањата, рече дека прашањата за сопствената одговорност на САД за интернет-шпионажа останале неодговорени. „Тоа покажува на што треба да се работи“, рече тој.
Украина исто така се очекуваше да биде жешка тема на дискусија пред почетокот на состанокот, по натрупувањето војници на Киев и на Москва од двете страни, што предизвика страв од конфликт претходно оваа година. Путин, сепак, рече дека единствената намера на неговата земја е да види спроведување на претходно потпишаните договори од Минск, наменети за ставање крај на конфликтот.
Претседателот рече дека Русија, за разлика од САД, нема стационирано воен хардвер далеку во странство, близу границите на Америка. Сепак, тој посочи дека политиката на Вашингтон е различна и дека има воено присуство близу до границите на Русија, што доведува до ескалација на тензиите во регионот.
Путин беше запрашан од дописникот на Си-ен-ен дали Русија се обврзала да престане да ја „напаѓа“ домашната опозиција, давајќи го примерот на затворената опозициска фигура Алексеј Навални. Путин, замолувајќи ги медиумите вистинито да го пренесат неговиот одговор, веднаш го негираше тоа и рече дека антикорупционерот го прекршил условниот отпуст и знаел дека ќе биде уапсен при враќањето во земјата.
Бајден ќе разговара со новинарите на прес-конференција што ќе се одржи во близина, додека Путин се обрати пред камерите од внатрешноста на Вила ла Гранж, величествената вила во швајцарскиот град каде што се одржа самитот. Сепак, не се очекува американскиот лидер да одговара на прашања од руски медиуми, додека на брифингот на Путин беа поканети голем број западни медиумски групи, вели РТ.
Двајцата лидери разговараа деведесет минути, на што освен нив присуствуваа само рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Антони Блинкен, како и преведувачите. По кратка пауза, помошниците и другите високи функционери беа поканети на проширен состанок. Генерално, средбата траеше само околу три часа.
[video:https://www.youtube.com/watch?v=49YaAyQH4-k autoplay:0]





