На овој грчки остров пожарникарите веќе седми ден се борат со катастрофалниот пожар кој досега изгоре повеќе од половина милион хектари земјиште и уништи илјадници објекти.
Населбите на островот се опкружени со оган, пишува Екатимерини, додавајќи дека ситуацијата на јужниот дел на островот е и понатаму мирна.
Грчките пожарникари цела ноќ, со помош на 200 колеги од Украина и Романија и локалните жители, како и воздухопловните сили, го гасеа пожарот на потегот Фаракла-Спатари-Каливија-Трупи.
Снимката ја прикажува големината на катастрофата. Грчките медиуми видеото го опишаа како приказ на „библиско уништување“.
[video:https://youtu.be/tecyCKXwNPw autoplay:0]





