среда, 6 мај 2026

Првиот случај на новата варијанта потврден во Европа

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, белгискиот виролог Марк Ван Ранст, чија лабораторија тесно соработува со белгискиот систем за јавно здравство, објави дека во моментов во Белгија се анализираат два сомнителни примероци.

Тој потоа на Твитер објави дека еден од овие примероци е идентификуван како варијантата Б.1.1.529, поради која се шири загриженост низ светот. Како што наведе, станува збор за лице кое допатувало од Египет.

Имено, станува збор за варијанта со дури 32 мутации, поради што научниците стравуваат дека би можела да биде позаразна и поотпорна на имунитетот стекнат со вакцинација или со преболување на болеста.

Утринава беше потврден првиот случај на оваа варијанта во Израел. Се повеќе земји ги блокираат летовите од југот на Африка со надеж дека тоа ќе го забави ширењето на оваа загрижувачка варијанта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ