четврток, 23 април 2026

Противпожарен авион се урна на Закинтос, пилотот е полесно повреден (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Пилотот се здоби со полесни повреди, а други пожарникари му помогнале, објави новинската агенција АНА.

Причината за падот на авионот е непозната, пренесува АП.

Грција веќе шест дена се бори со пожари, а најголемиот фронт е на островот Евија, каде илјадници луѓе се евакуирани со траекти.

„Пред нас е уште една тешка вечер, уште една тешка ноќ“, рече заменик -министерот за цивилна заштита Никос Хардалијас.

„На Евија имаме пожар на два големи фронта, еден на север и еден на југ“, рече Хардалијас, додавајќи дека силните ветрови го туркаат пожарот од северниот фронт кон селата на плажите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ