сабота, 2 мај 2026

Принцот Вилијам: Светските умови треба да се фокусираат да се поправи ситуацијата на Земјата

Објавено на

часот

Сподели

Зборовите на Вилијам, во интервју за Би-би-си Њузкаст, беа емитувани еден ден откако неговиот имењак Вилијам Шатнер, икона на Ѕвездени патеки влезе во историјата со тоа што стана најстарата личност во универзумот.

90-годишниот актер, познат по улогата на капетан Кирк, полета во средата од пустина во Тексас со ракета изработена од вселенската компанија Блу ориџин на основачот на Амазон, Џеф Безос.

Војводата, кој беше интервјуиран за климатските промени, воочи своите први доделувања на наградите Ертшот, рече: „Ни требаат некои од најголемите светски умови да се фокусирани на обидите да се поправи оваа планета, а не да се пронајди следното место за живеење“.

Тој, исто така, предупреди дека самитот КОП26, на кој светските лидери ќе се соберат во Глазгов овој месец, не треба да биде обележан со „паметни говори, паметни зборови, но недоволна акција“.

„Мислам дека е клучно за КОП многу јасно и многу искрено да каже кои се проблемите и какви ќе бидат решенијата“, рече тој.

Војводата ја изрази својата загриженост поради зголемената вознемиреност поради климатските промени кај младите луѓе и рече дека би било „апсолутна катастрофа“ доколку неговиот најстар син, принцот Џорџ, би морал да зборува за истото прашање за 30 години, кога ќе биде предоцна.

Вилијам додаде дека неговиот татко, принцот од Велс, познат по својата долгогодишна посветеност на зелените прашања, имал „навистина тешки почетоци“ кога првпат почнал да зборува за климатските промени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ