четврток, 23 април 2026

Пожарите продолжуваат да ја пустошат Грција, Мицотакис им се извини на граѓаните (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Локалните власти кажаа дека денес се очекува во гасењето на пожарот да се вклучат и хеликоптери и авиони, доколку поради чадот биде возможно летањето. На островот има 650 пожарникари, меѓу кои 250 дојдени од Украина, Романија и Србија. Во гасењето учествуваат 17 хеликоптери, вклучувајќи два од Швајцарија и два од Египет, како и осум авиони, меѓу кои три француски канадери.

[video:https://youtu.be/g_gXkfrnXb8 autoplay:0]

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис се извини за грешките во сузбивањето на разорните пожари кои ја погодија Грција минатата недела.

Повеќе од 500 пожари горат низ Грција, поради што илјадници луѓе беа приморани да се евакуираат, а граѓаните се сè погневни поради доцнењето во одговорот на владата, пренесува Ројтерс.

Мицотакис синоќа вети дека грешките ќе бидат утврдени и исправени, но и повика на единство.

„Целосно ја разбирам болката на нашите сограѓани кои гледаа како им горат куќите или имотите“, кажа тој.

„Сите пропусти ќе бидат утврдени, како и одговорноста“, додаде грчкиот премиер.

[video:https://youtu.be/uaRFxBr0Mpk autoplay:0]

Вети дека уништените шуми ќе бидат обновени, дека ќе биде изградена климатска одбрана и ќе им биде надоместена штетата на оние чиј имот е уништен во пожарите.

„Климатската криза чука на вратата на целата планета“, истакна Мицотакис.

[video:https://youtu.be/GdQ4xFi_pVU autoplay:0]

Грчкиот премиер одобри пакет за помош во износ од 500 милиони евра за Евија и регионот Атика околу Атина. Грчките министри ќе се сретнат утре за да разговараат за понатамошни мерки за поддршка.

Грција се соочува со природна катастрофа од невидени размери, додека 586 пожари горат во сите краишта на земјата, кажа вчера грчкиот премиер во телевизиското обраќање.

Оваа држава е под удар на еден од најлошите топлотни бранови во последните неколку децении, а пожарникарите продолжуваат да се борат против пожарите низ земјата. Во последните неколку дена се извршени 63 организирани евакуации, кажа Мицотакис.

„Овие последни денови беа едни од најтешките за нашата земја во последните неколку децении“, кажа, наведувајќи ги екстремните жештини и сушните месеци како проблеми кои ги искомплицираа напорите за гасење на пожарите.

„Очигледно е дека климатската криза ја погодува целата планета“, кажа Мицотакис. „Тоа е објаснувањето, но не изговор или алиби. Можеби направивме сè што е човечки можно, но се чини дека во многу случаи тоа не било доволно во нерамноправната борба со природата“, додаде.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ