сабота, 2 мај 2026

Пожар голтна станбена зграда на Тајван, има десетици мртви (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Зградата се запалила околу 3 часот наутро, соопшти пожарникарската служба во градот Каосијунг.

Во пожарот, кој во меѓувреме е изгасен, уништени се повеќе катови на зградата, а властите јавија дека 55 повредени лица се префрлени во болници.

[video:https://youtu.be/wS2j3G6PvU4 autoplay:0]

Пожарникарите засега не се сигурни што го предизвикало пожарот, но забележале дека огнот најмногу горел таму каде што имало натрупано предмети, а сведоците за локалните медиуми изјавиле дека слушнале експлозија околу три наутро.

Зградата е стара околу 40 години, во долните делови има локали кои се делумно напуштени, додека над нив се становите, се наведува во официјалното соопштение.

[video:https://youtu.be/zTK7rOBuTyU autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ