петок, 24 април 2026

Повеќе од 200 американски функционери добиле мистериозна болест, ЦИА ја прозива Русија

Објавено на

часот

Сподели

Барнс, кого американскиот претседател Џо Бајден како прв дипломат од кариера го стави на челото на ЦИА, кажа во интервју за НПР дека ги засилил напорите на својата агенција за да ја утврди причината за синдромот.

Потврди дека, меѓу другите чекори, го задолжил високиот офицер кој некогаш го водел ловот на Осама бин Ладен да ја предводи работната група која го истражува синдромот, а го зголемил и медицинскиот тим кој учествува во истрагата.

Агенцијата го скратила и времето, од осум на две недели, кое лицата поврзани со ЦИА мора да го чекаат на прием во Националниот воено-медицински центар Волтер Рид, кажа тој.

„Мислам дека длабока обврска на кој било лидер е да се грижи за народот и тоа сум решен да го правам“, кажа Барнс за НПР во првото интервју откако во март стана директор на ЦИА.

Барнс потсети дека американската Национална академија на науки потврди дека веројатната теорија е дека синдромот го предизвикуваат зраци на „насочена енергија“.

Постои „многу силна можност“ синдромот да е намерно предизвикан и дека Русија би можела да биде одговорна, кажа Барнс, воздржувајќи се од конечни заклучоци до завршувањето на истрагата.

Хаванскиот синдром, со симптоми како вртоглавица, мачнина, мигрена и дупки во сеќавањето, така е наречен бидејќи првпат е забележан кај американскиот персонал во амбасадата на Куба во 2016 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ