„Не смееме да го криеме ова срамно минато, мораме тоа да го расветлиме и да направиме сè што можеме да стигнеме до влијанието на минатото врз автохтоните заедници денес“, кажа Харис на Националниот конгрес на американските Индијанци, најголемата американска организација на домородното население.
Владата на претседателот Џо Бајден повторно ќе преговара за меморандум за разбирање за федерално финансирање на работното оспособување во областите на племенските народи.
Дванаесет федерални агенции веќе преговараа за тој меморандум во 2018 година, но не побараа мислења од автохтоните заедници за кои станува збор.
Харис изјавата ја даде ден по Денот на Колумбо, кога се одбележува пристигнувањето на тој истражувач кој пловел со шпанска помош, и по Денот на домородците, на кој се одбележува нивниот прогон по доаѓањето на Европејците.
САД од 1934 година „секој октомври го одбележуваат патувањето на европските истражувачи кои пристигнале на американскиот брег“, кажа Харис.
„Но, тоа не е целата приказна. Никогаш не била целата приказна“, истакна таа.






