сабота, 18 април 2026

Последните германски војници го напуштија Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

„Нашите последни војници го напуштија Авганистан вечерва по скоро 20 години и се на пат кон дома“, рече германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

„Ова е крај на историско поглавје, интензивна мисија која го тестираше Бундесверот и во која Бундесверот се докажа во борба“.

Германската војска ги водеше своите први копнени битки во Авганистан од крајот на Втората светска војна.

Американскиот претседател Џо Бајден и НАТО во средината на април објавија дека ќе повлечат околу 10.000 странски војници од Авганистан до 11 септември, 20-годишнината од нападот на Светскиот трговски центар во Њујорк, што беше и причина за мисијата.

Германија го имаше вториот по големина контингент војници во Авганистан по САД. Во последните две децении распореди околу 150.000 војници, а многу од нив служеле повеќе од една мисија.

59 германски војници загинаа во Авганистан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ