сабота, 2 мај 2026

Поплави во Атина и Солун поради обилни врнежи (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во атинското предградие Неа Филаделфија, ученици го напуштиле училиштето така што морале да прават „мост“ од училишните клупи за да излезат надвор, додека сообраќајот бил блокиран на сообраќајниците, кога водата пораснала до опасно ниво.

[video:https://youtu.be/T2u0IJ2lX0E autoplay:0]

Автопатот Атина-Ламија, као и булеварите Александрас и Кифишијас во градот биле блокирани.

Министерството за цивилна заштита апелираше до граѓаните да не излегуваат на улица, освен во случај на крајна нужда.

[video:https://youtu.be/by1LGhTckpY autoplay:0]

Денес во Атина бројни делови на градот останаа без струја.

Локалните медиуми од Солун јавуваат дека за само неколку часа наврнале повеќе од 25 сантиметри дожд, што е еднакво на половина од количеството дожд кое паднало во септември во тој град.

Бранови удирале во шеталиштето покрај морето и ја поплавиле авенијата Никис.

[video:https://youtu.be/Sn3t_AQWmY0 autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ