петок, 24 април 2026

Полски регионален совет изгласа „зона без ЛГБТ популација“

Објавено на

часот

Сподели

Бројни локални власти во Полска се прогласија за „слободни од ЛГБТ идеологија“, бидејќи правата на хомосексуалците станаа прашање од висок ранг и доведоа до длабока поделеност во претежно католичката земја под конзервативна националистичка власт, пишува Ројтерс.

Полска тоа ја доведе во судир со Европската комисија, која порачува дека со таквиот став Полска може да го крши законот на ЕУ за дискриминација врз основа на сексуалната ориентација.

Јужниот Малополски регион соопшти дека добиле предупредувачко писмо во кое се наведува дека би можеле да изгубат над 2,5 милијарди евра средства од ЕУ доколку до средината на септември не ја повлечат декларацијата од 2019 година.

Регионалното собрание денес го изгласа предлогот на опозицијата за повлекување на декларацијата, која е одбиена благодарение на гласовите на претставниците на владејачката партија Закон и правда (ПиС).

„Не можеме да го негираме тоа што беше кажано во 2019 година“, кажа таткото на полскиот претседател Анджеј Дуда, Јан Дуда.

Некои верски конзервативци во Полска велат дека немаат ништо против хомосексуалците, но се против она што го нарекуваат „ЛГБТ идеологија“, за која велат дека е закана за христијанските вредности.

Полската влада негира дека нивниот закон ги дискриминира луѓето врз основа на сексуалната ориентација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ